Skip to main content

Индира Кастратовиќ во „Куќата на славните“ на ЕХФ

Легендата на македонскиот женски ракомет, Индира Кастратовиќ, ќе биде примена во „Куќата на славните“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ) како дел од специјалната церемонија што ќе се одржи на 14 декември, пред финалето на ЕХФ ЕУРО 2024 за жени.

Церемонијата, која втора година по ред ги слави најдобрите играчи и легенди на ракометот, ќе вклучи вкупно 21 лауреат. Во женска конкуренција ќе бидат наградени седум поранешни ракометарки, меѓу кои и легендата од шампионскиот состав на Кометал Ѓорче Петров и долгогодишен носител на дресот на македонската репрезентација.

Поранешниот капитен, сега селектор на македонската машка ракомента репрезентција Кирил Лазаров веќе е дел од ова елитно друштво.

Листата ја промовираше првиот човек на европскиот ракомет, Михаел Видерер.

Покрај Кастратовиќ на листата е поранешната голманка на Кометал Ѓорче Петров, Луминица Хутупан Дину. Меѓу оние кои ќе го добијат ова престижно признание се уште Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Ања Андерсен, Љубомир Врањеш, Анди Шмит, Стафан Олсон, Марта Манге, Лик Абало, Иван Чупиќ, Дејан Периќ, Игор Вори и Виран Морос.