
Франција е првиот четвртфиналист од групата 2 во главната фаза на Светското првенство во ракомет. Француските ракометари ја совладаа Холандија со 35-28 (19-13) со што се први во групата во која се наоѓа и Македонија.
Најефикасни во француската репрезентација беа Ричардсон со седум и Ремили со пет погодоци, а кај Холандија се истакна Дани Баијенс со пет гола. В сабота во последното коло од главната групна фаза Франција игра со Македонија, а противник на Холандија ќе биде Австрија.