Skip to main content

Дебакл: Македонската млада женска ракометна репрезентација заврши претпоследна на ЕП

Македонската млада женска ракометна репрезентација денес забележа победа над селекцијата на Литванија со 39:38.

Ова беше последниот меч на ЕП во Црна Гора за избраничките на селекторото Симе Симовски кои го освоија претпоследното, 23. место. 

За играч на натпреварот беше прогласена Исидора Котеска, која постигна девет гола, исто толку пати во листата на стрелците се запиша Леона Миленковска.

Македонија турнирот го заврши со пет порази, еден нерешен резултат и една победа.

Поврзани вести