Skip to main content

Бразилски темперамент во Еурофарам Пелитер

фото Еурофарм Пелистер

 Бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекберт е нов член на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер.

Десното крило на најдобрата јужноамериканската селекција и четвртфиналист на последното Светско првенство потпиша договор на две сезони и од почетокот на сезоната 2025/26 ќе се приклучи во новата средина.

Се работи за 31-годишен ракометар со многу одличја во дресот на бразилската репрезентација. Рудолф е двоен шампион на Јужна Америка, медалист од Панамериканските игри и стрелец на преку 300 гола за „кариоките“.

Во клупскиот ракомет настапуваше во Бразил и Шпанија, а во АСОБАЛ лигата ги носеше дресовите на Ла Риоја од Логроњо, Хуеска и Куенка, клубот од кој доаѓа во Битола.

Рудолф потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на почетокот од подготовките за следната сезона, соопштија од клубот

Поврзани вести