
Во рамки на овогодинешниот календар на Националната Федерација на историски возила на Македонија овој викед, 08 и 09.11.2025 год. се одржаа третото и четвртото TSD натпреварување (брзина, спретност и прецизност) со јангтајмери – Авто-слалом натпреварувања, Кичево 3 и 4. Овие натпреварувања се бодуваат за шампионатот на Македонија во Авто-слалом со историски возила за 2025 година.
После долги години повторно се почувствува мирисот на бензинот на патеката во Кичево, а на стартот се појавија околу 40тина натпреварувачи од повеќе ОТК Клубови од државата. Натпреварувачите со своите возила беа распоредени во повеќе категории и класи и тоа: Класа 1 до 1200 cm3, Класа 2 до 1600 cm3, Класа 3 над 1600 cm3 и Класа 4 – тркачки возила.
И покраш лошите временски услови на стартот, двете натреварувања ги проследи огромен број на публика која остана верно да ги бодри напреварувачите до самиот финиш на натпреварите.
Националната Федерација на историски возила на Македонија е членка на светската FIVA Федерација на историски возила. Двете федерации заедно ги прокламираат статичните изложби, олдтајмер релијата и ваквите видови на натпреварувања, TSD натпреварувања каде што брзината не е пресудна за остварување на најдобриот резултат, туку како параметри се вметнуваат навремени, точни и прецизно изминати дистанци од натреварувачите, а просечната брзина изнесува 50 km/h.
Натпреварот го отвори градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јовановски, заедно со претседателот на Националната Федерација на историски возила на Македонија, Мојсије Милосавлевски. Во своите обраќања Јовановски и Милосавлевски ги претставија идеите за ревитализација и мултифункционалност на автодромот Кичево.
Многубројната публика и натпреварувачите се потсетија на добрите времиња кога се возеа трки од Македонскиот шампионат во автомобилизам.
Упатуваме честитки за успешната организација на двата TSD натревари Кичево 3 и 4, до организаторот ОТК Класика Прилеп и неговиот претседател Божо Димески.
Голема благодарност за поддршката од Општината Кичево и градоначалникот Јованосвски, МВР, Територијалната противпожарна единица и Здравствениот дом Кичево.
Во прилог ви испраќаме фотографии и официјалните резултати од натреварите.
Спортски поздрав, Мојсије Милосавлевски
Национална Федерација на историски возила на Македонија
Кичево 3 – сабота 08.11.2025 год.
Класа 1 до 1200 cm3
1. Алексансар Марковски – Пежо 205 – ОТК Скопје
Класа 2 до 1600 cm3
1. Мојсије Милосавлевски – Даихатсу Шараде – ОТК Скопје
2. Владимир Кулушиќ – Рено Меган – ОТК Класика Прилеп
3. Даниел Даневски – Пежо 206 – ОТК Скопје
Класа 3 над 1600 cm3
1. Кире Ставров – Фијат Пунто – ОТК Класика Прилеп
2. Кристијан Василев – Ауди 80 – ОТК Скопје
3. Лазар Стојаноски – Нисан Премиера – ОТК БМВ Скопје
Класа 4 – тркачки возила
1. Влатко Костовски – Опел Астра – ОТК Скопје
2. Мојсије Милосавлевски – Југо 55 – ОТК Скопје
3. Димитар Димески – Фијат Сеиченто, ОТК Класика Прилеп
Пласман на клубови
1. ОТК Скопје
2. ОТК Класика Прилеп
3. ОТК БМВ Скопје
Кичево 4 – недела 09.11.2025 год.
Класа 1 до 1200 cm3
1. Алексансар Марковски – Пежо 205 – ОТК Скопје
Класа 2 до 1600 cm3
1. Мојсије Милосавлевски – Даихатсу Шараде – ОТК Скопје
2. Дарко Галев – Хонда Сивик 1.6 – Мини Класик Скопје
3. Мишо Сиљановски – Застава Југо 1.4 – ОТК Скопје
Класа 3 над 1600 cm3
1. Бојан Сидороски – Голф 2 1.8 – ОТК Скопје
2. Кристијан Василев – Ауди 80 – ОТК Скопје
3. Дејан Здравкоски – пежо 206 – ОТК Скопје
Класа 4 – тркачки возила
1. Влатко Костовски – Опел Астра -ОТК Скопје
2. Мојсије Милосавлевски – Југо 55 – ОТК Скопје
3. Александар Љубовчевиќ – Застава 750 Прото, ОТК Мини Класик
Пласман на клубови
1. ОТК Скопје
2. ОТК Класика Прилеп
3. ОТК Мини Класик

Македонски








