Skip to main content

СуперЏудо Адора освои осум медали на меѓународните турнири во Бања Лука и Прилеп

 СуперЏудо клубот Адора уште еднаш ја потврди својата доминација на џудо сцената, освојувајќи вкупно осум медали – 2 златни, 1 сребрен и 5 бронзени – на двата меѓународни натпревари што се одржаа овој викенд во Бања Лука и во Прилеп.

Нашите млади џудисти покажаа извонредна техника, дисциплина и борбен дух, претставувајќи го клубот и Македонија на највисоко ниво.

Резултати:

Меѓународен џудо натпревар – Бања Лука

· Матеј Трајковски – златен медал

· Давид Стојановски – сребрен медал

· Ерик Антон – две бронзи во категории У10 и У11

· Кјара Нефовски – бронзен медал

· Стефанија Златаноски – бронзен медал

Меѓународен џудо турнир – Прилеп Опен

· Никола Стојановски – златен медал

· Калин Нимичев – бронзен медал

– Овие резултати се потврда дека трудот, посветеноста и вистинскиот џудо дух секогаш даваат резултати. Горди сме на нашите млади спортисти кои со својот пример го инспирираат следниот бран на џудо шампиони – порачаа од клубот СуперЏудо Адора.

Од клубот упатуваат честитки до сите натпреварувачи, тренери и родители за нивната поддршка и вложен труд. 

Поврзани вести