Skip to main content

Швјонтек кога не игра тенис чита книги

 Осмата светска тенисерка, Ига Швјонтек, ужива во читањето книги. Таа смета дека читањето книги може да биде забавно.

– Не сум добро упатена во книжевноста за да водам клуб за книги. Тоа би било следно ниво, би одзело многу време. Би требало да истражувам и сè тоа. Читам за задоволство.  Го правам тоа само кога имам слободно време. Сакав да им покажам на луѓето дека може да биде забавно. И ми се чини дека сè помалку луѓе читаат книги. Можеби следната генерација, откако ќе се навикне на сите овие социјални медиуми, ќе се замори малку и ќе се врати на книгите. Се надевам дека ќе дадам свој мал придонес во ова, рече Швјтек во интервју на теренот откако стигна до второто коло на Отвореното првенство на САД.

Полјачката започна предизвик за читање книги во 2023 година на Инстаграм. Таа ги споделува книгите што ги чита и ги поканува своите следбеници да ѝ се придружат. Сега, Швјонтек се врати на оваа иницијатива

Поврзани вести