Skip to main content
концерт во Скопје како централен дел од одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија

Музичкиот спектакл „José Carreras with Macedonian All-Stars“ кулминираше со заедничка изведба на „Едно име имаме“ вечерва на плоштадот во Скопје

Легендарниот шпански тенор Хозе Карерас одржа спектакуларен целовечерен концерт на Плоштад „Македонија“ во Скопје. Настанот, насловен како „José Carreras with Macedonian All-Stars“, се организира како централен дел од богатата културна програма за одбележување на 35 години од независноста на Македонија.

Концертот привлече огромен број граѓани кои дојдоа да уживаат во оваа историска музичка вечер

Покрај славниот тенор, кој е познат како дел од легендарните „Тројца тенори“, на сцената застана и кремот на домашната сцена. Македонскиот „дрим тим“ го сочинуваа: Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска,  Миле Кузмановски и Дешира Амети-Крлиу.

Посебен печат на целиот настан даде Македонската филхармонија, која ја обезбеди комплетната оркестарска придружба под диригентската палка на ценетиот шпански маестро Давид Хименез.

Концертот беше конципиран во два музички дела. Во првиот сегмент публиката уживаше во изведбите на македонските музички ѕвезди, по што следуваше грандиозниот настап на Карерас, кој донесе спој на класични оперски арии, претпознатливиот гитарски израз на Влатко Стефановски и традиционални македонски вокални интерпретации

Музичкиот спектакл „José Carreras with Macedonian All-Stars“ кулминираше со заедничка изведба на „Едно име имаме“ вечерва на плоштадот во Скопје.

Поврзани вести