
Еден од мечевите на стартот на Австралија опен кој привлече внимание беше дуелот на 45-годишната Венус Вилијамс против Олга Даниловиќ, кој заврши со победа на српската тенисерка од 2:1 во сетови. Во третиот сет Венус водеше со 4:0 во гемови, но го загуби сетот со 6:4.
– Беше феноменален меч, со многу енергија од публиката, која беше неверојатна и тоа едноставно ми даде сила. Таа играше одлично, имаше и малку среќа, но таков е спортот, изјави Венус Вилијамс.
Венус не прецизираше дали ќе игра уште мечеви во поединечна конкуренција оваа година, но напомена дека во Мелбурн ја очекува меч во двојки и нејзиниот фокус сега е на тој меч

Македонски





