
Бугарскиот тенисер Григор Димитров по повредата се огласи од болница.
- Понекогаш срцето сака да продолжи… но универзумот има поинаков план за нас. Морав да се повлечам од тој натпревар на Вимблдон и тоа беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Ви благодарам за огромната количина љубов – од семејството, пријателите, фановите, колегите, до целата тениска заедница… вашите пораки навистина ме кренаа во овие тешки времиња. Ви благодарам на сите. Навистина. Закрепнувањето започнува сега. Се гледаме наскоро – напиша Григор Димитров на својот Инстаграм профил.