Skip to main content

Ристовски за Олимпискиот фестивал: Добра организација, блескави настапи и позитивна атмосфера

– Со добра организација, блескави настапи и позитивна атмосфера, Европскиот младински олимписки фестивал неделава ја става Македонија во центарот на европските спортски случувања. Ова беше порачано на денешната прес – конференција на средината од најголемото спортско случување што се одржува во Скопје, Куманово и Осиек од 20 до 26 јули. Оценката што ја споедлуваат министри, организатори и спортисти е дека ова е момент што се памети. 

На денешната прес конференција, министерот за спорт, Борко Ристовски, изрази големо задоволство од настанот и неговото значење за земјата.

-Како држава ќе имаме сите бенефит од ова бидејќи не е секојдневно и не се случува често преку 4000 учесници да се натпреваруваат во нашата земја. Среќен сум што на крајот од денот македонските спортисти имаат можност да се натпреваруваат. Ова е огромна можност за сите, рече тој.

фото: ЕМОФ 2025

Спирос Капралос, претседател на Европскиот олимписки комитет, сподели импресии од досегашниот тек.

-Натпреварите се стримаат во живо низ цела Европа и имаме добар рејтинг првите два дена. Вчера за атлетика имавме сто илјади прегледи. Огромни бројки се во прашање и со тоа може да се види колку овој настан е важен за Европа, посочи тој.

Даниел Димевски, претседател на организациониот комитет и Македонскиот олимписки комитет, истакна важноста за државата и спортскиот успех.

-Верувам дека во двата дена што следат ќе бидеме впишани и ние во листата на медалисти, во меѓувреме, падна националниот рекорд во пливање. Градиме мрежа и претставуваме нашата држава во најдобро светло, но имаме и мисија нашите млади генерации да се поврзат со Европа, рече тој.

Поврзани вести