Skip to main content

Последна шанса за пријавување на Скопски маратон

На 5 октомври Скопје повторно ќе живее во ритамот на најголемиот спортски настан во земјата – Виз Ер Скопски маратон 2025.

Доколку се уште не сте се пријавиле, имате уште малку време тоа да го направите.

Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од еуфоријата, адреналинот и незаборавната енергија што ја носи Виз Ер Скопски маратон.

Регистрациите се отворени до 19 септември, што значи дека остануваат уште само седум дена да си обезбедите место на стартната линија. Без разлика дали ќе избeрете маратон, полумаратон, штафета или трка на 5 км – секој старт е можност да ја почувствувате вистинската магија на маратонот.

Ова не е само трка, туку празник на спортскиот дух, истрајноста и заедништвото. Тоа е ден кога градот пулсира со енергија, кога улиците се исполнети со позитивна атмосфера и заеднички дух, а секој учесник е дел од нешто поголемо од самиот себе.

Секој пријавен учесник добива богат стартен пакет кој носи повеќе од симболичен подарок: ваучер од 20 евра од Wizz Air (за учесниците на трката од 5 км ваучерот се доделува само со присуство на стартот), практична торбица, бесплатни фотографии од трката, медал за оние што ќе ја завршат маратонската, полумаратонската или штафетната дисциплина, освежување и овошје, онлајн диплома, дигитален стартен пакет, осигурување за време на маратонот и специјални изненадувања од партнерите.

Пријавете се уште денеска на skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje и осигурајте си место на стартната линија.

Поврзани вести