Skip to main content

Пораз на македонските одбојкарки на гостувањето во Австрија

Фејсбук Одбојкарска федерација на Македонија
Фејсбук Одбојкарска федерација на Македонија

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија претрпе пораз од 3:0 во сетови на последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Поуспешни од македонските одбојкарки беа ривалките од Австрија. Резултат по сетови: 25:19; 25:23 и 25:10

Во првиот сет Македонија беше равноправа до 12:12, а потоа Австрија успеа резултатски да направи предност. Во вториот сет македонските одбојкарки беа најблиску до освојување на сет. По водството на противникот од 8:4, Македонија со серија од 10-3 поведе со 14:11. Во продолжение на сетот резултатот во неколкунаврати беше изедначен, а последен пат 23:23 за на крајот Австрија да го добие сетот со 25:23. Во третиот сет Австрија беше убедлива и сетот го доби со 15 поени разлика.

Македонија без победа и на третото место ги заврши натпреварите во групата зад Грција и Австрија.