Skip to main content

Нови 28 училишни спортски сали ќе се градат во следните три години

Физичката активност на учениците е од исклучително значење за тие да можат правилно да растат и да се развиваат. Спортувањето и зголемена физичка активност, придонесува за концентрација и подобри резултати во учењето. Со цел здрави и со поголема концентрација ученици, се вложува во спортската училишна инфраструктура, се подобрува постоечката, а каде што има потреба се гради нова. Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура на образовниот систем, во следните три години ќе се градат нови 28 училишни спортски сали во различни општини, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение испратено до медиумите.

Согласно планот, се предвидува активностите да започнат годинава и до крај на 2027 ќе бидат завршени сите објекти, за што ќе бидат вложени околу 560 милиони денари.

Моментално во завршен процес на изградба е новата училишна спортска сала во ООУ „Кочо Рацин“ во населено место Огњанци, општина Петровец во вредност од 19 милиони денари. До крај на месецов салата ќе биде целосно завршена, а од септември во новата учебна година учениците ќе вежбаат и спортуваат во модерни и современи услови.

Поврзани вести