
Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Американецот Себастијан Корда во четвртфиналето на Мајами (6:3, 7:6) и да се пласира во полуфиналето каде ќе игра против Григор Димитров.
На натпреварот против Корда можеше да се забележи Ѓоковиќ како носи чуден пар ракавици.
Вниманието на јавноста го привлекоа големите сини ракавици кои Новак ги носеше меѓу натпреварите. Српскиот ас ги триеше по вратот и лицето, а тие како да му дадоа дополнителна енергија и свежина. За што навистина се работи и дали овие мистериозни ракавици се навистина толку мистериозни?
Тоа беа само ракавици полни со мраз кои му помогнаа на Новак да се олади за миг. Легендарната Мартина Навратилова која го коментираше натпреварот на Скај Спортс беше фасцинирана од потегот на Новак.
– Веќе го видовме пред неколку години, може да ја намали телесната температура за околу 30 секунди. Го лади крвотокот. Не знам зошто повеќе луѓе не почнале да ја користат оваа технологија. Новак е пред сите кога е технологијата во прашање. „Тоа е магија и не знам зошто турнирите не обезбедуваат вакви работи за сите играчи“, рече таа.