Skip to main content

Нов празник на џудото во Скопје

Џудо федерацијата на Македонија со гордост најавува уште еден врвен спортски настан во нејзина организација – Сениорскиот Европски куп во џудо, кој ќе се одржи во Скопје на 20 и 21 септември.

Вредно е да се истакне дека ова е четврти голем меѓународен настан што ЏФСМ го организира оваа година по Европското првенство за кадети, ЕМОФ и Европскиот куп за јуниори. Од Џудо федерацијата додаваат дека секој од овие настани беше чекор напред кон позиционирање на нашата земја како респектирана дестинација на џудо мапата на Европа.

Според најавите, Сениорскиот Европски Куп ќе ги донесе најквалитетните џудисти од цела Европа, борби со врвна техника, а Скопје ќе пулсира во знакот на џудото!

Се очекуваат повеќе од 300 натпреварувачи од 30 земји.

Македонскатаа репрезентација е составена од 15 натпреварувачи, 5 во женска и 10 во машка конкуренција. Овојпат тоа е комбиниран состав во кој се нашите најквалитетни и најискусни џудисти, но имаме и неколкумина млади, јуниори за кои ова ќе биде прв настап во сениорска конкуренција. Очекувам добар настап на нашите натпреварувачи, бидејќи е тоа можност да се докажат во вака силна конкуренција, со најдобрите европски џудисти – вели Горан Мицкоски, селектор на македонската репрезентација.

Поврзани вести