Skip to main content

Надал доби наследна титула

Facebook / Novak Djokovic

Шпанскиот крал Фелипе Шести денеска му додели титула маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата со своите спортски успеси.
Надал отсега ќе ја носи титулата маркиз на Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а станува збор за наследна титула.


Во текот на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои рекордни 14 на Ролан Гарос, и со право се смета за најдобар играч на земјена подлога во историјата.
Покрај Надал, шпанскиот крал ги одликува и поп-рок пејачката Луз Касала и параолимписката пливачка Тереза Пералес.


„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка за вредностите што треба да го инспирираат нашето општество“, соопшти шпанското кралско семејство

Поврзани вести