Skip to main content

На 45 години Венус Вилијамс ќе игра на УС Опен

Facebook/ Venus Williams

Седумкратната Грен слем шампионка Венус Вилијамс на 45-годишна возраст ќе се појави на претстојниот УС Опен, потврдија организаторите на турнирот. Американката доби специјална покана и ќе стане највозрасната тенисерка која настапила на овој турнир од 1981 година, кога Рене Ричардс играше со 47 години.

Венус Вилијамс има освоено вкупно седум поединечни Грен слем титули, од кои две на терените на „Флешинг Медоу“ во Њујорк, во 2000 и 2001 година. Во кариерата таа освои и 14 Грен слем титули во двојки со својата сестра Серена, како и две титули во мешани двојки.

УС Опен оваа година започнува на 24 август, а како вовед во големиот настан, на 19 и 20 август ќе се одржи натпреварувањето во мешани двојки во нов, ревидиран формат, со кој организаторите сакаат да ја зголемат привлечноста на турнирот.

Поврзани вести