
Македонската женска кадетска одбојкарска репрезентација загуби со 0:3 (18:25, 15:25, 6:25) од селекцијата на Турција во последниот натпревар од групната фаза на Балканијадата во Тирана.
Македонската репрезентација в недела во 14 часот ќе игра за пласман од петтото до шестото место.
Противникот на македонските одбојкарки ќе биде познат вечерва по комплетирањето на групата фаза од шампионатот.
Во воведните две кола, Македонија загуби од Бугарија со 3-0, а со идентичен резултат триумфираше над Косово.