Skip to main content

Македонските кадетки го совладаа Косово на Балканското првенство во одбојка

Македонската женска одбојкарска репрезентација до 19 години ја запиша првата победа на Балканскиот првенство во Тирана, откако попладнево со максимални 3:0 во сетови (25:23, 25:17, 25:17) триумфираше над Косово.

По вчерашниот пораз од Бугарија во воведното коло, избраничките на селекторот Александар Митев денеска одиграа на високо ниво во сите три сета.

Откако со пресврт успеа да го освои првиот сет, надоместувајќи негатива од 21:23, Македонија во продолжението доминираше на теренот, освојувајќи ги преостанатите два сета со идентични 25-17.

Македонија утре во 13 часот го игра третиот дуел од групната фаза против Турција.

Поврзани вести