Skip to main content

Македонските џудисти освоија две бронзени медали на Балканско првенство

 На Балканско сениорско првенство во џудо одржано викендов во Пеќ, македонската репрезентација освои два бронзени медала.

Во поединечна конкуренција Сергеј Димитријоски се закити со бронза во категоријата до 60 кг. Тој во борбата за третото место беше подобар од турскиот репрезентативец.

Екипно, македонската репрезентација се натпреваруваше и го освои третото место со следниот состав: Недановска-57 кг., Стојановски-73 кг., Шерифовски-90 кг., Чакараровски +90. и Најдовска +70 кг. Резерви беа: Милчиноски +90 кг. и Димитријоски-73 кг.

Како што не информираше селекторот Горан Мицкоски, македонски претставници прикажале добри борби но не се пласираа во борби за медал.

– Сепак, сакам да истакнам дека конкуренцијата беше силна па оттаму, задоволен сум од прикажаното. Според настапите, можевме и подобро да поминеме што се донесува до медалите, но сепак најважно е дека нашите натпреварувачи имаа силни борби со квалитетни противници и тоа претставува одлична подготовка за претстојниот Сениорски европски куп што ќе се одржи наредниот викенд во Скопје – ни изјави Мицкоски.

Поврзани вести