Skip to main content

Македонија ја совлада Летонија во Европската златна лига

Македонската машка одбојкарска репрезентација ја забележа првата победа во Европската златна лига, откако вечерва на гостински терен триумфираше над Летонија со 3-2 (18-25, 25 –19, 20-25, 25-23, 25-23).

По двата порази во воведните два натпревари, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски одиграа на високо ниво на гостувањето во Дуагавпилс во драматичен натпревар во пет сетови..

Македонија два пати израмнуваше по водство на Летонија од 1-0 и 2-1, а во маратонскиот петти сет ја искористи седмата меч топка.

Најистакнат во македонските редови беше капитенот Никола Ѓеоргиев со 29 поени.

Следен противник на Македонија на турнирот од Европската златна лига во Летонија ќе биде селекцијата на Грција в сабота од 17 часот. 

Поврзани вести