Skip to main content

Комплетиран регуларниот дел од сезоната во Првата женска одбојкарска лига

Во последниот натпревар од 18. коло со кој е заокружен регуларниот дел од сезоната во Првата женска одбојкарска лига, Пелистер Волеј со 3:0 (25:17, 27:25, 25:22) го совлада Вардар со што се познати осумте екипи кои ја продолжуваат битката за титулата.

Пласман во четвртфиналето на плејофот како првопласирана екипа во регуларниот дел обезбеди Наковски волеј, заедно со Младост УГД, Работнички, Јанта волеј, Газели волеј, Пелистер, Вардар и Струмица.

Деветтопласираниот Фит Фан волеј ќе игра бараж за опстанок со вториот најдобар тим од Втората лига.

Прволигашкиот статус го загубија одбојкарките на Уксана кои го завршија регуларниот дел од сезоната без освоен бод. 

Поврзани вести