Skip to main content

Калин Ивановски со скок на АТП листата

Фото: Тениска федерација

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, по настапот на Челинџер турнирот во Ројан, Франција и освоените поени направи скок од 64. места на АТП листата и оваа недела се наоѓа на 897.то место со вкупно 20 поени.

Од македонските тенисери ранг на АТП листата им и Горазд Србљак, кој се наоѓа на 1355.то место со 5 поени.

Двајцата оваа недела ги очекува настап на ИТФ фјучрс турнир во Загреб, што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Ивановски во првото коло (утре) ќе игра против Гермаецот Дин Тарнер, додека Србљак во среда ќе го игра мечот од првото коло против седмиот носител на турнирот Никита Маштаков од Украина.

Поврзани вести