Skip to main content

Ивановски со пресврт до нова победа

Фото: Тениска федерација

Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари победа во второто коло на М15 турнирот во Куршумлијска Бања. Тој во денешиот меч го совлада српскиот тенисер Ѓорѓе Шапиќ со 2-1 во сетови (6:7(5); 6:1, 6:1) за два часа игра.

На почетокот на мечот Ивановски поведе со 3:0 во гемови во првиот сет, но противникот стигна до изедначување од 4:4. Во тај брејкот од првиот сет Шапиќ беше поуспешен со 7:5 на поени и поведе со 1-0 во сетови. Во следниот сет Шапиќ поведе со 1:0 во гемови, но Ивановски направи серија од шест гема и успеа да изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер имаше водство од 3:0, а Шапиќ успеа да освои само еден гем бидејќи Ивановски и третиот сет го доби со 6:1 во гемови како во вториот и со тоа оствари победа од 2-1 во сетови.

Во четвртфиналето утре Ивановски за противник ќе го има победникот од мечот Свјатослав Гулин (прв носител) и Диан Недев.

Поврзани вести