
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најновата ВТА листа направи скок од осум позиции. Таа сега се наоѓа на 191.место со 385 поени. Скокот се должи на пласманот во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид.
Ѓорческа за четвртфиналето освои 27 поени, но „избришани“ и се 9 од турнирот во Копер од минатата година.
Македонската тенисерка оваа недела ќе настапи на ИТФ турнир W75 Порторож, каде утре ја очекува мечот од првото коло против Кајса Риналдо Персон од Шведска.
Извор: МИА

Македонски


