Skip to main content

Голема сензација: Нори го елиминираше Алкараз во Париз

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, синоќа загуби од Британецот Камерон Нори, рангиран на 31. место во светот, во второто коло од Мастерсот во Париз, со 6:4, 3:6 и 4:6.

Натпреварот траеше 2 часа и 25 минути. Алкараз сервираше осум аса, направи две двојни грешки и реализираше една од пет брејк топки. Нори сервираше три аса, направи една двојна грешка и реализираше две од седум брејк топки.

Во следното коло од турнирот во француската престолнина, Британецот ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Артур Риндеркнех (Франција) и Валентин Вашеро (Монако).

Мастерсот во Париз се игра за награден фонд од 6,1 милион евра