
Деветторангираниот тенисер на АТП листата, Американецот Бен Шелтон, се пласираше во четвртфиналето на УС Опен, откако во синоќешното осминафинале во Њујорк беше поуспешен од Гркот Стефанос Циципас (АТП – 53) со 3: 0 во сетови (6:2, 6:3, 6:4).
Во четвртфиналето, Шелтон ќе игра против бранителот на титулата, третиот тенисер во светот, Карлос Алкараз од Шпанија.
Пласман во четвртфиналето на грен слем турнирот во Њујорк обезбеди и 12-от тенисер во светот, Американецот Франсис Тиафо, кој го победи Русин Данило Медведев во осминафиналето по три сета, 7:6, 6:4, 7:6.
Тиафо ќе игра во четвртфиналето против својот сонародник, 46-тиот тенисер на светот, Алекс Микелсен, кој во осминафиналето триумфираше над Аргентинецот Томас Мартин Ечевери (АТП – 32) со 7:6, 6:4, 6:4.

Македонски



