Skip to main content

Американците стигнаа до седмото злато на Светското првенство во атлетика

Facebook / World Athletics

 На петтиот ден од Светското првенство во атлетика што се одржува во Токио американските атлетичари го освоија седмиот златен медал. Во дисциплината скок со стап во женска конкуренција Кејти Мун со скокот 4.90 метри го освои првото место.

Во женска конкуренција со рекорд на првенствата златен медал освои Фаит Черотич од Кенија која победи во трката на 3.000 метри стиплчез со време – 8:51.59 минути.

Кај мажите во скок во далечина златниот медал го освои Матиа Фурлани од Италија, кој имаше скок со должина од 8.39 метри. На 1.500 метри кај мажите првото место му припадна на Исак Надер од Португалија, кој патеката ја истрча за 3:34.10 минути. 

Поврзани вести