
Нови даночни олеснувања за инвестирање во спортот, воведе денеска Владата во Загреб, најавувајќи дека за идната година се обезбедени над 180 милиони евра за домашниот спорт што е за седум пати повеќе споредено со 2016 година.
Хрватскиот министер за туризам и спорт Тончи Главина посочи дека со владината одлука, а врз основа на Законот за данок на добивка, претходните два проценти од приходот остварен во претходниот или тековниот даночен период се зголемуваат на 10 проценти како трошоци за донации што се одбиваат од данок доколку се наменети за спорт, односно спортски здруженија, клубови и други правни лица во спортскиот систем.
„Покрај издвојувањата на Владата во сферата на спортот, кои се во рекордни износи секоја година, со овој пакет даночни олеснувања им даваме голем поттик на претприемачите да инвестираат во спортот, што засегнатите страни во спортот долго време го бараа. Ова е нашата нова поддршка за системот, со што создадовме предуслови за негово дополнително финансирање, кое е претежно фокусирано на клупските спортови, заклучи Главина.

Македонски






