Поранешниот НБА-шампион, Голден Стејт вориорс е во лоша резултатска серија од четири порази.
Тимот од Сан Франциско ноќеска загуби од Феникс на гости со 113:105.
– Разговаравме за ова на почетокот на сезоната. Сè додека победувате, се е супер. Откако ќе почнат поразите, некои момци почнуваат да се нервираат. Јас сум бил во нивна кожа кога тренерот не те пушта на теренот, поголемиот дел од мојата кариера. Ова е НБА. Тешка лига со високо ниво на конкуренција. Пред четири натпревари бевме на врвот на светот, сите беа среќни. Сега загубивме четири натпревари и сите ни се лути, изјави Стив Кер.
Со биланс 12 победи и седум порази Голден Стејт вориорс се наоѓа на 4. место во Западната конференција на НБА-лигата.
Steve Kerr answers a few rotation questions from tonight
— Anthony Slater (@anthonyVslater) December 1, 2024
*They want to get Podziemski with starting group
*Looney to open second half for defensive coverage purposes
*On Jonathan Kuminga: “Can we get him more minutes with Steph and Draymond?” pic.twitter.com/PTIwV80CXp