
Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги почна претквалификациите за Евробаскет 2029. Синоќа во Скопје со убедливи 87:49 беше совладан Азербејџан.
– Ова беше заслужена победа, имавме тимската хемија и енергија која постои во овие три дена. Никогаш ниту преценуваме, ниту потценуваме некого, но мора да ги пофалам играчите дека за краток период функционираа одлично и тоа што го покажаа на теренот и на самиот семафор, е заслужено. Следува натпреварот со Република Ирска, како и за секој дуел, мора да направиме добар скаутинг и во краткиот период да ги рехабилитираме играчите кои имаат поголема минутажа. Мора да сме на високо ниво, а без разлика кој е на другата страна, мора да бидеме максимални, изјави селекторот Марјан Илиевски.
Илиевски искажа и пофални зборови за новиот Американец во нашите редови Омари Мур. Тој ќе биде ослободен од обврските за гостувањето во Даблин против Република Ирска во недела, а во составот ќе биде Џејкоб Вајли.

Македонски








