Skip to main content

Пораз од БиХ за крај на ЕП Б дивизија за младите кошаркарки на Македонија

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија по денешниот пораз од БиХ 69:79 (14:32; 12:21; 15:17 и 28:9) го зазеде 18.то место на Европското првенство Б дивизија за кошаркарки до 18 години што се игра во Литванија. 

Денешниот натпревар почна во знак на ривалките, кои имаа и извонреден шут за три поени и во првата четвртина постигнаа дури 32 поена што се покажа решавачко. Последниот период беше и најдобриот на избраничките на селекторот Виктор Петровски, кој го добија со 28:9, но не беше доволно за неизвесна завршница. 

За разлика од претходните натпревари Петровски на денешниот имаше три расположени кошаркарки: Ања Начевска со 16 поени и 17 скокови, Ива Колева 20 поени и по 7 скокови и асистенции и Теа Трајковска со 19 поени и 8 скокови. Најефикасна на дуелот беше репрезентативката на БиХ Амина Смака со 24 поени. 

Македонија со една победа и пет порази го заврши шампионатот.  

Поврзани вести