Skip to main content

Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ

КФСМ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ.

Иницијаторите за смена на актуелното раководство на КФСМ се обидоа да му изгласат недоверба на Антиќ во декември минатата година, но не им беше дозволена точката да се стави на дневен ред на Собранието.

Со оглед обезбедена поддршка од мнозинството клубови, се очекува поранешниот македонски репрезентативец, Младен Ѓуроски да дојде на чело на Федерацијата.

Вонредно собрание КФСМ треба да закажe за најдоцна две недели, во спротивно иницијаторите имаат право сами да се организираат.

Поврзани вести