Skip to main content

Партизан не сака да игра во Лигата на шампионите на ФИБА

 Претседателот на кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ, изјави денеска дека клубот не размислува за учество во Лигата на шампионите на ФИБА, нагласувајќи оти стратешки е ориентиран кон Евролигата.


„Во моментов, Партизан не размислува за ФИБА Лигата на шампиони, со сето должно почитување. Партизан во моментов е стратешки фокусиран на Евролигата“, изјави Мијаиловиќ за Б92.


Мијаиловиќ претходно за српските медиуми рече дека Партизан е „еден од најсериозните кандидати за добивање долгорочна лиценца за настап во Евролигата“ и оти клубот е во преговори со ова меѓународно натпреварување околу цената на лиценцата.


Минатата недела берлинска Алба објави дека по шестгодишно учество во Евролигата го напушта натпреварувањето и од следната сезона ќе настапува во ФИБА Лигата на шампиони.

Поврзани вести