
Лос Анџелес лејкерс утринава го совлада Далас на домашен терен со 107:99 во натпревар од регуларниот дел од НБА-сезона.
Поранешниот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ забележа трипл-дабл – 19 поени, 15 скока и 12 асистенции.
На почетокот на февруари, Маверикс го разменија Словенецот со Лејкерси за Ентони Дејвис, кој го пропушти натпреварот поради повреда.
Лејкерси го добија третиот последователен натпревар и се искачи на четвртата позиција во Западната конференција. Далас е деветти.