Skip to main content

Обвинителството ќе испитува говор на омраза на кошаркарскиот меч во Куманово

Основното јавно обвинителство од Куманово отвори постапка и му издаде насоки на СВР Куманово за истражување на елементи на кривично дело поврзано со скандирања со говор на омраза од страна на непознати лица. Инцидентот се случи за време на кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, одигран на 2 август во Куманово.

Од Обвинителството велат дека е издадена и наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот со цел да се идентификуваат сторителите.

Поврзани вести