Skip to main content

Новиот селектор на Германија: Србија е прв фаворит за златниот медал на Евробаскетот

Кошаркашки савез Србије – Званична web презентација
Кошаркашки савез Србије – Званична web презентација

Слекторот на кошаркарската репрезентација на Германија, Шпанецот Алекс Мумбру, смета дека Србија е прв фаворит за златниот медал на претстојниот Евробаскет. Германската репрезентација под водство на Гордон Херберт ја освои титулата светски првак 2023, а на Олимписките игри во Париз заврши на четвртото место. 

Предизвикот за новиот селектор, Мумбру е голем во пресрет на Европското првенство. Неговата репрезентација во пријателски дуел ја совлада Словенија со 103:89 и тоа без клучните играчи Денис Шредер и Даниел Тајс.

Мумбру смета дека неговата репрезентација е подготвена за големи дострели, но дека Србија и Франција се првите фаворити. 

Србија е најголем фаворит поради составот. Имаат многу НБА играчи и можат да бираат меѓу 15-16 играчи и никој нема да биде вишок. Јокиќ со сигурност е најдобриот играч во НБА и во Европа, изјави Мумбру.  

Поврзани вести