
Кошаркарите на Маџари остварија победа во последниот натпревар од 13.коло од МТЕЛ Супер лигата откако вечерва го совладаа МКК Куманово со 94:78. Ова беше четврта победа за Маџари на последните пет натпревари, додека кумановчани го претрпеа третиот пораз на последните четири натпревари.
Домашниот тим имаше водство во текот на целиот натпревар, а гостите најблиску беа кога на почетокот на вториот период Маџари водеше со 32:31. Сепак избраниците на тренерот Миодраг Тодоровиќ заслужено стигнаа до победата.
Табела: ТФТ 25 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 24, Пелистер 22, МКК Куманово 20, Маџари 20, Кожув 20, Работнички 18, Феникс 18, Тиквеш 18, Чаир 18, Гостивар 16, Ангели 14.

Македонски



