Веста дека летонскиот кошаркар Јанис Тима се самоуби во Москва го шокираше светот. Тима си го одзеде животот поради разводот со Ана Седокова, а за ситуацијата да биде уште посложена, тој во 2019 година ја оставил поранешната сопруга Сана Оша токму поради Ана.
Во тоа време, Јанис Тима играше за Химки во Москва, но тој не живееше со својата законска сопруга и нивниот син, а влезе во врска со Ана Седокова.