Skip to main content

Крива Паланка се изедначи на врвот на табелата со Баскет Кам и Вардар

Фото: www.mkd.basketball

Кошаркарките на Крива Паланка вечерва во последниот натпревар од 6.коло на Првата женска Шпаркасе Лајф лига го совладаа тимот на Бадел со 64:58. Резултат по четвртини: 20:11; 14:20; 16:12 и 14:15.

Домашниот тим во текот на целиот натпревар имаше предност еднаш и двоцифрена (32:21), додека на почетокот на вториот дел Бадел се доближи само на еден негатива (38:37). Најефикасна на дуелот беше Алексис Пул (К.Паланка) со 32 поена и 11 скокови.

Со овој триумф екипата на Крива Паланка се изедначи бодовно на врвот на табелата со првакот Баскет Кам и Вардар. Трите екипи имаат по 11, бодови, додека Бадел по поразот има 10 бодови и е на четвртото место. 

Поврзани вести