Skip to main content

Koшаркарите ќе играат претквалификации со Романија и Унгарија за пласман на СП

Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе игра во групата Б со селекциите на Унгарија и Романија во второто коло од европските претквалификации за Светското првенство во 2027 година, одлучи денешната жрепката одржана седиштето на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) швајцарски Миес.
Во жрепката беа вклучени осум репрезентации кои не успеаја да се пласираат на овогодишниот Евробаскет, како и четирите најдобри репрезентации од првото коло од претквалификациите (Австрија, Романија, Швајцарија и Норвешка).

Квалификациските натпревари ќе се играат во периодот од 2 до 20 август годинава, а секоја екипа ќе одигра по четири натпревари, два на домашен и два на гостински терен.
Двете првопласирани селекции од секоја од четирите групи ќе се квалификуваат за европските квалификации за СП 2027 година и ќе им се приклучат на селекциите кои ќе играат на Евробаскетот од 27 август до 14 септември.
Група А: Украина, Словачка, Швајцарија
Група Б: Унгарија, Македонија, Романија
Група Ц: Бугарија, Холандија, Австрија
Група Д: Хрватска, Данска, Норвешка

Поврзани вести