Skip to main content

Битолската библиотека „Св. Климент Охридски“ одржа „Работилници за деца со попреченост“

НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола одржа работилница со првачиња од Основното училиште ресурсен центар „Кочо Рацин“, а со цел развивање на моториката, логичкото мислење и друга поддршка.

Низ проектот „Работилници за деца со попреченост“ учениците ќе стекнат различни знаења и вештини кои ќе им користат сигурно да чекорат по патеката на животот, информираа од таа национална установа.

Животот не е само стремеж кон остварување на посакуваната цел, животот е предизвик со сите негови составни делови. Можностите да постигнеме нешто не доаѓаат сами по себе, за нив е потребно да се избориме и да ги создадеме. Со цел развивање на моториката, логичкото мислење реализиравме работилница со првачињата од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола, на еден поинаков и несекојдневен ден за учење, откривање и уживање во пријатната атмосфера, соопштија од НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.

Проектот „Работилници за деца со попреченост“ овозможува низ игра и креативното изразување да се развие моторика, внимание, комуникација, избор, препознавање, сензорна перцепција и социјална интеракција на учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ Битола.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositbetmoon