Раководството на Кошаркарската Федерација денес одржа состанок со претставниците на клубовите кои за оваа тековна натпреварувачка сезона 2024/2025 се натпревауваат во МТЕЛ Првата машка кошаркарска лига.
Состанокот беше организиран по комплетирање на тринаесеттото натпреварувачко коло, а сè со цел да се забележат сите нерегуларности во спортските сали каде клубовите ги организираат натпреварите во рамки на Првата лига.
На состанокот беа изнесени сите забелешки од последното натпреварувачко коло како и од Комисијата за проверка на спортските сали.
Извештајот од комисијата за проверка на спортските сали утврди:
– Сали кои не ги исполнуваат сите технички услови во делот на теренот за игра, просторот околу теренот, записничката маса, техничката опрема, додатната опрема, имаат одредени отстапки воделот на службени простории во салата – КАТЕГОРИЈА 2.
Тоа се салите на:
– КК „Гостивар АД“, сала „Младост“ – Гостивар, светлосни сигнали за 24 сек. и крај на време за игра;
– МКК „Куманово 2009 АД“, сала „Перо Наков“ – Куманово, светлосни сигнали за 24 сек. и крај на време за игра;
– КК „Вардар АД“, сала „КК Вардар АД“ (СРЦ Кале – мала сала), просторот од два (2) метри околу теренот за игра е помал од два (2) метри во делот кај записничката маса, односно помал е за 50цм (член 22.2 од Пропозиции за натпреварување во сениорски лиги);
– КК „Работнички АД“, сала „КК Вардар АД“ (СРЦ Кале – мала сала), просторот од два (2) метри околу теренот за игра е помал од два (2) метри во делот кај записничката маса, односно помал е за 50цм (член 22.2 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги);
НАПОМЕНА: Доколку недостатоците не бидат отстранети до пред почетокот на натпреварите од четиринаесеттото (14) коло, наведените сали од КАТЕГОРИЈА – 2 ќе бидат суспендирани. Екипите ќе мора да бараат сали кои ги исполнуваат условите од КАТЕГОРИЈА – 1, согласно членот 20.1 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги.