Skip to main content

Какруки: Да бидеме подобри и резултатите ќе дојдат

Фото: КФСМ

Македонската кошаркарска репрезентација ги има последните подготовки пред утрешниот дуел од претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Орадеа против Романија. Утрешниот противник забележа победа (80:72) на 2.август во Куманово, но македонскиот тим се подготвува за нова борба пред се под кошевите каде ривалот доминираше на првиот дуел. 

–  Бевме многу блиску до победата на отворањето на овие претквалификации. Бевме „егал“ со романскиот тим, се до две-три минути пред крајот. Во тие моменти и беше решен победникот. Неискуството си го прави своето. На нас е да “растеме“ од натпревар во натпревар. Да бидеме подобри и подобри и не се сомневам дека резултатите ќе дојдат. Веројанто Македонија досега немала помлад ростер во сениорската селекција. Сите кои сме тука, сме како еден. Можам да ветам борба, за секоја топка, за секој поен, изјави репрезентативецот Валмир Какруки.

„Црвено – жолтите“ дуелот со Романија го играат  утре со почеток во 18 часот.