
Настапот на српскиот кошаркар Никола Јокиќ на вечерашниот дуел на Денвер против Сан Антонио е наведен како „неизвесен“. Тоа значи ако Јокиќ не настапи на овој последен натпревар од регуларниот дел од сезоната останува без шанси да освојување на МВП наградата.
Тимот на Денвер реши втор натпревар последователно најдобрите играчи да добијат одмор во пресрет на плеј офот. Единствено не е позната состојбата на трикратниот освојувач на МВП наградата Јокиќ. Тој за да остане во конкуренција за индивидуалните награди мора на вечерашниот натпревар да одигра најмалку 15 минути.
За тимот на Денвер постои и опасност да го загуби и третото место во Западната конференција со пораз и да падне на четвртата позиција. За тоа да се случи потребно е ЛА Лејкерс да победат против Јута и со тоа би се изедначиле по бројот на победи и порази, а „езерџиите“ имаат подобар меѓусебен скор. Сепак за изгледот на табелата се прашува и тимот на Сан Антонио, кој е втор и тоа значи потенцијално го „бира“ противникот за полуфиналето од конференциското полуфинале.

Македонски


