Skip to main content

Joкиќ е чудо: Постигна 55 поени

 Денвер рано утрово на гостински терен славеше победа над Лос Анџелес клиперс на гостински терен со 130:116. Центарот на нагетс, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим со 55 поени, 12 скока и шест асистенции.

Свој ден имаше и Стеф Кари кој постигна 46 поени во победата на Голден Стејт над Сан Антонио со 125:120. Во поразениот тим Виктор Вембањама оствари трипл-дабл со 31 гол, 15 асистенции и 11 асистенции. 

Денвер го доби својот деветти натпревар во сезоната, губејќи само два, и се наоѓа на 2. место на табелата во Западната конференција на НБА-лигата. Лидер е тимот на Оклахома Сити со биланс 12-1. Клиперси, со три победи и осум порази, се на 12. место.

Во Источната конференција води Детроит со 10-2 (победи-порази), пред Кливленд со 8-4

Поврзани вести