
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го објави конечниот список со шешири пред ждрепката за ЕП 2025 која ќе се одржи на 27 март.
Евробаскетот ќе се игра во четири земји од 27 август до 14 септември годинава. Домаќини ќе бидат Летонија, Финска, Полска и Кипар.
Во првиот шешир се најдоа Србија, Германија, Франција и Шпанија.
Во вториот шешир се наоѓаат: Летонија, Литванија, Словенија и Грција, додека во третиот селекциите на Италија, Црна Гора, Полска и Чешка.
Четвртиот шешир го сочинуваат: Финска, Грузија, Турција и Израел, додека во петтиот се Белгија, Босна и Херцеговина, Естонија и Велика Британија.
Најслабиот, шести шешир, е резервиран за Шведска, Исланд, Португалија и Кипар.
Дел од шеширите веќе е познат, бидејќи секој од домаќините веќе го избра тимот што го сака во групата. Кипар ја избра Грција, Латвија ја избра Естонија, Полска – Словенија, а Финска – Литванија.