
Амбициозниот проект на КК Соколи 1933 од Штип продолжува со ангажманот на нови имиња во составот на екипата за новата сезона. Од клубот денеска објавија дека Кам Хамилтон и Џеј Пал се новите засилувања. Хамилтон игра на позицијата плејмејкер, а има настапувано во Албанија, Кипар и Полска, додека Пал е високо крило и има настапувано во Грузија, Белгија и Мексико
Во текот на овој месец управата на клубот ги ангажираше Марјан Србиновски како тренер (поранешен селектор), потоа играчите: Јован Александровски (дојде од Струмица), Ивица Димчевски (Маџари), Александар Костоски (Работнички) и Хусеин Бајрам (МКК Куманово).
Тимот на Соколи поднесе барање за настап во Супер лигата и деновиве треба да биде донесена одлука за нивно учество во најквалитетното кошаркарско натпреварување.

Македонски


