
Дресот што Коби Брајант го носеше во својата дебитантска сезона во Лос Анџелес Лејкерс е продаден за седум милиони долари на аукција во четвртокот во Њујорк , објави денеска аукциската куќа „Сотби“.
Дресот е илустриран со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996-97, вклучувајќи го неговото деби во претсезоната на 16 октомври и дебито во регуларната сезона на 3 ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА.
Со износот од седум милиони долари, овој дрес е четвртиот најскап продаден во историјата, зад дресовите на Бејб Рут (24 милиони долари), Мајкл Џордан (10,1 милион долари) и Диего Марадона (9,3 милиони долари).